Утрински Весник
Македонија

Тошковски и Ливаниос на средба во Преспес

20250604173946 big 730x400 53.webp.webp

Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и грчкиот министер за внатрешни работи Тодорос Ливаниос денеска во Преспес, Грција ќе го одбележат почнувањето на работите финансирани од ЕУ во Грција, за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос.

Како што е познато, градежните работи на македонска страна за изградба на нова царинска зграда на граничниот премин Маркова Нога почнаа пролетоска и се очекува да завршат во 2026 година, за што од програмата ЕУ за Преспа издвоени се два милиони евра.


Работите финансирани од ЕУ во Грција ќе се одвиваат преку проектот БорПрес2 за прекугранична соработка од стратешко значење за да се опфати изградба на нова царинска и полициска контролна зграда во Лемос, Грција, како и реновирање на постојната полициска станица во Маркова Нога. За оваа намена се издвоени 7,7 милиони евра во рамките на програмата ИНТЕРРЕГ финансирана од ЕУ за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, а временскиот рок за работите е 36 месеци.

Двојното финансирање од ЕУ за граничниот премин Маркова Нога – Лемос има цел да го стимулира економскиот развој на регионот Преспа/Преспес.

На настанот во Лемос ќе присуствува и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.

Можете да прочитате

Невреме со град и силен дожд го зафати попладнево Дојран

АХВ воведе засилени мерки на надзор по појава на ново жариште на болеста чума кај малите преживари во соседна Албанија

Десет лица од ЈП Комуналец Кичево повикани на разговор – одлагале отпад на дива депонија