Утрински Весник
Македонија

Тошковски и Бојмацалиев имаа работна средба со амбасадорот на Шпанија

2 11 scaled.jpg
Dik 300x250 mk

Денеска (04.03.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија. На средбата министерот Тошковски ги истакна заложбите за организирање фер и демократски избори и активностите кои треба да се преземат во таа насока. Воедно, како дополнителен проблем, поврзан со изборниот процес, го посочи недостигот на важечки документи на околу 100.000 граѓани кои нема да можат да го остварат своето право на глас. Со ова, покрај
кршењето на основното човеково право за слобода на движење, се крши и правото на глас на овие избори, за што упати голема загриженост. Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше изразена благодарност за досегашната соработка во духот на пријателските односи, како и за укажаната чест што Република Северна Македонија беше домаќин на Самиот ЕУ-Западен Балкан за време на шпанското претседателство со Советот на ЕУ, а со оглед на тоа дека Бојмацалиев беше претседател на Одборот за организација на дел од клучните настани минатата година кои беа од глобално значење – Самитот ЕУ-Западен Балкан и 30. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ. Амбасадорот Хосе Луис Лосано Гарсија се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особени во борбата против организираниот криминал и миграциите и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина. Особено ја истакна шпанската поддршка на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Можете да прочитате

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница

Советник на Касами со навреди кон Македоцните му одговори на Мицкоски: Нема да дозволиме тие да одлучуваат за нас, ќе победиме со уште повеќе албански гласови и ќе ја зајакнеме албанската позиција!