Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Фросина Кулакова не е само име на прекрасна млада девојка со соништа и живот пред себе, таа стана симбол на неправдата што трае предолго

Toskovski.webp.webp

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека случајот на Фросина Кулакова стана симбол на неправдата што трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени, што не смееме повеќе да ги одложуваме. Нејзиниот случај нѐ потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи“.

„Денес, не сме овде за политички престралки, тука затоа што изгубивме млад живот што не смееше да биде изгубен, трагедија што не е само болка на едно смејство, туку сурово огледало на реалноста во која сите живееме. Оваа трагедија дополнително го разоткри нефункционалниот систем што не успеал да ја заштити безбедноста на граѓаните, систем што дозволувал рецидивисти да бидат на улиците место во затворите и да одзмета човечки животи. Фросина Кулакова не е само име на прекрасна млада девојка, која имаше цели, соништа и живот пред себе, таа стана симбол на неправдата што трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени, што не смеме повеќе да ги одложуваме. Нејзиниот случај нѐ потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи“, рече Тошковски.


Вели дека го разбира гневот на јавноста, кој не е само поради една трагедија, туку поради системот што остава простор за неказнивост, селективна правда и луѓе што повеќекратно кршат закони, без последици.

Можете да прочитате

Проф. д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

Утре или најдоцна задутре Министерството за економија треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци