Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори 

1 11.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици” во организација на Институт за економски стратегии и меѓународни односи „ОХРИД”.

Во рамките на дискусијата министерот Тошковски истакна дека министерството за внатрешни работи е важна алка во делот на институциите надлежни за спроведување на фер и демократски изборен процес.

„Како министер и покрај тоа што се соочувам со сериозни опструкции од страна на Владата која незаконски поништи акти донесени од моја страна и не дозволи да назаначам Началник на СВР Тетово, ќе сторам сè МВР да биде на висина на задачата и да гарантира организирање на безбедни избори на кои граѓаните ќе можат слободно да го остварат своето право на глас.”, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски исто така ја потенцираше добрата соработка која ја има министерството со другите институции кои учествуваат во организација на изборите, особено државната изборна комисија во делот на списоците но и во спроведувањето на правилникот на ДИК за постапување на полицијата за време на избори.

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи