Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Државата има тотално нефункционален систем, кој би требало да одговори на кризни состојби, пожари, поплави

Pance Toskovski.jpg
Dik 300x250 mk

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски истакна дека државата има тотално нефункционален систем кој би требало да одговори на кризни состојби, пожари, поплави и дека е потребно креирање на функционален систем преку создавање на квалитетна законска легислатива.

– Освен ад хок решенија, да создадеме систем кој ќе биде функционален и да одговори на овие состојби. Ангажирани се странски експерти кои со нивното искуство ќе помогнат во насока на збивање на редовите во Македонија, што значи дека идејата на Владата за спојување на одредени институции, најверојатно ќе треба да се имплементира најскоро што може, да се создаде законска легислатива и понатаму да одговориме сериозно како што и доликува на една држава, истакна министерот Панче Тошковски.


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од седницата на упрвувачкиот комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи, со која раководеше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На настанот во Центарот за управување со кризи, на кој присуствуваа и Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, министерот за одбрана Владо Мисајловски, потпретседателот на Владата Љупчо Димовски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами, како и директори и претставници на АД Водостопанство, УХМР, Национални шуми, беа дискутирани предлозите за времено унапредување на кризниот менаџмент во делот на справување со било какви кризи, и елементарни непогоди.

Можете да прочитате

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти

Кривична пријава против полициски службеник за „предизвикување општа опасност“