Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Добро е што градоначалничката на Град Скопје конечно реши да се разбуди од зимски сон

Gridart 20250526 170447736 scaled.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје дека ќе поднесе кривични пријави, потенцираше дека е добро што „конечно после четири години решила да се разбуди од зимски сон“.

-Можеби доставила кривични пријави, можеби не. Добро е што градоначалничката на Скопје после четири години реши да се разбуди од зимски сон, рече Тошковски одговорајќи на новинарско прашање, за време на посетата на полициската станица во Жеровјане во Општина Брвеница.
Арсовска неодамна информираше за нелегален ископ на песок и бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар од фирма која, како што тврди, нема никаква лиценца и одобрение за работа.


Арсовска ги повика Министерството за внатрешни работи и надлежните институции да постапат, а најави и дека ќе поднесе пријава поради заканите по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство од страна на сопственици на фирма од Долно Коњари

Можете да прочитате

Орце, Коце или Златко? ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште без одлука за главниот град

Ивановски: Новата пруга Скопје – Гевгелија ќе се гради по меѓународните ФИДИК правила

Познати кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за 25 општини на претстојните избори