Утрински Весник
Свет

Торнадо направи пустош во Алабама, загинаа мајка и дете

Торнадо направи пустош во Алабама, загинаа мајка и дете
300x250 (7)

Мајка и дете загинаа во торнадо кое го погоди централниот дел на Алабама, едно од неколкуте што го погодија регионот во текот на ноќта, оставајќи зад себе бран уништувања и прекини на струја.

dobivaj vesti na viber

Мајката (39) и нејзиниот син (8) загинале кога огромно дрво паднало врз нивниот дом во Флетвуд. Инцидентот се случил ноќта околу 3:30 часот по локално време, по извештаите за торнадо кое ја погодило областа, соопштија властите во средата наутро.

Ss1

„Тоа е многу поразително“, рече членот на комисијата на округот Монтгомери, Исаја Санки, истакнувајќи дека жителите пријавиле дека слушнале сирени од торнадо околу две минути пред да удри невремето.

Тој додаде дека „жртвите немале никакви шанси“.

„Пред да добијат предупредување, торнадото веќе беше над нив“, рече тој.

Спасувачите успеале да извлечат маж од куќата и да го однесат во болница, пренесува „Ројтерс“.

Покрај торнадата, големиот град и силните ветрови оштетија и уништија домови и згради, соборија дрвја и урнати далноводи низ целиот регион. Во округот Монтгомери, една од најтешко погодените области, екипите ги расчистуваа остатоците од невремето по патиштата.

Околу 20.000 домови и деловни објекти во Мисисипи и Алабама останаа без струја во средата попладне.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската влада на трговците им даде рок од две недели да ги намалат цените на горивата

ОН: Речиси 282 милиони луѓе во светот се соочува со акутен глад во 2023 година

Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“