Утрински Весник
Свет

Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода

0bd70e9c 1b8e 45ef A383 94e6a14f6d4d.jpg

Северните и централните делови на Италија беа зафатени од невреме, а во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо, врнежите се очекува да траат уште неколку дена.

Пожарникарите примиле повеќе од 200 повици за помош, а меѓу другите извлекле и жена заробена во автомобил од поплавен подвозник.

Повиците за помош биле поврзани и со поплави и разнесени покриви. Неколку автомобили паркинг пред трговски центар биле оштетени од металниот покрив кој се одвоил од блиската зграда, пишува „Анса“.

https://www.youtube.com/watch?v=oy8O4x7AGMM

Обилни врнежи паднаа и на северот на Тоскана, каде што пожарникарите користеа чамци за да ги спасат возачите заробени на поплавените улици.

Издадено е црвено предупредување за водостојот на реките, кое важи и за областа Модена и Пјаченца во провинцијата Емилија Ромања, пишува италијанската новинска агенција „Анса“.

Температурите во поширокото подрачје на северниот и централниот дел од земјава се движат околу 20 Целзиусови степени. Метеоролозите предвидуваат дека врнежите ќе продолжат до четврток, а најлошо ќе биде во провинциите Лигурија, Пиемонт, Тоскана, Умбрија и регионот Марке.

Можете да прочитате

Возач во Дубаи загина откако шрапнел од ракета му паднала врз автомобилот

Кина предупредува на можна нова глобална криза со чиповите

Над 40 лица загинаа при израелски напад во Источен Либан