Утрински Весник
Култура

„TorinoFilmLab“ – Филмот на Андреј Волкашин доби 20.000 евра за постпродукција

„TorinoFilmLab“ – Филмот на Андреј Волкашин доби 20.000 евра за постпродукција

Филмскиот проект „Слатката горчина на зрелите калинки“ во режија на Андреј Волкашин, а во продукција на „Веда Филм Продакшнс“ ја освои наградата од 20.000 евра за постпродукција на звук и слика доделена од страна на APostLab, на овогодинешната TorinoFilmLab работилница, информираа од Агенцијата за филм.

dobivaj vesti na viber

За наградата се натпреваруваа сите проекти од Torino Feature Lab и Torino Script Lab, од претходните години.

Исто така, како дел од наградата е и обука на продуцентот Елена Станишева за време на работилницата за пост-продукција која ќе се одржува во Јуни 2023 година во Амстердам.

„Ви благодариме TorinoFilmLab и APostLab за ова неверојатно признание и поддршка за нашиот дебитантски игран филм“, се заблагодари режисерот Волкашин за наградата.

Жири комисијата оценила дека „овој убав и чувствителен филмски проект е во рацете на смел тим за нови таленти, кои се желни да научат како постпродукцијата најдобро може да послужи за раскажувањето на нивната приказна“.

Филмот ја раскажува приказната за Дора, пензионирана медицинска сестра, која одгледува калинки во оддалечено македонско село. По трагичната смрт на нејзината помлада сестра, единствената смисла што ја наоѓа во животот е грижата за синот-тинејџер и мајка си. Сепак, нејзиниот живот се менува кога патиштата ќе и’ се вкрстат со Лилит – млада жена што сопругот на Дора ја наоѓа повредена покрај патот…

Филмот ќе се снима во текот на следната година, со финансиска поддршка на Агенцијата за филм.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“