Утрински Весник
Македонија

ТОПЛИОТ “ЕЛ НИЊО” СИ ГО ПРАВИ СВОЕТО: Oваа недела уште потопла од минатата!

850temp anom 20240226 00 072 1050x525 1.jpg

Метео анализа на Славчо Поповски:

Невообичаено топлото време за овој период од годината, благодарение на топлиот метеоролошки феномен “Ел Нињо” ќе продолжи и во текот на оваа  недела, температурите и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели повремено тие ќе се искачуваат  и до пролетни 20 степени.

Сепак ќе има повеќе облачност, а нов, овој пат поголем влажен воздушен бран од Медитеранот очекуваме од четврток. Овој влажен бран локално ќе донесе пообилни врнежи од дожд и позначително количество на воден талог. Сето ова повторно ќе биде проследено со засилен ветер од југоисточен правец, најиздразен Долж Повардарието.

Во Скопје исто така очекуваме слично време како и во останатите предели од државава.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание