Утрински Весник
Спорт

Топката заврши на балкон по шутот на Валверде

Топката заврши на балкон по шутот на Валверде

Реал Мадрид синоќа доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај градскиот ривал Рајо Ваљекано (3:2) и го загуби првото место во Примера. Натпреварот го одбележа неверојатниот потег на Федерико Валверде, кој во финишот за малку не скрши прозорец на блиската зграда.

dobivaj vesti na viber

Валверде упати силен удар од врвот на шеснаесетникот, топката помина далеку над голот, па дури и преку високиот ѕид и заврши на балконот од соседната зграда.

На балконот имаше навивачи на Рајо Ваљекано кои од балконот го следеа натпреварот.

„Марка“ пишува дека овој навивач на Рајо Ваљекано сакал да ја врати топката кога завршил натпреварот и да ја фрли назад на стадионот, но вработените во клубот му рекле дека тој не мора да го прави тоа и дека може слободно да ја задржи за себе, како сувенир.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина