Утрински Весник
Македонија

Тони Михајловски: Љутков ќе го надмине и најлошиот министер за култура

Img 2606.jpeg

Познатиот актер Тони Михајловски, гостувајќи во емисијата „Претрес со Ландов“, остро ја критикуваше состојбата во културата и актуелниот министер Зоран Љутков.

Михајловски оцени дека најлош министер досега бил Ештреф Алиу, а најдобар – Слободан Унковски, но посочи дека Љутков ќе ги надмине и најлошите примери.


„Тоа е министер за култура, актер, кој доби 800 тужби од свои колеги. Тој е јаден, послушник, сам си пукаше во нога кога им ги намали платите на актерите. Заробеник е на луѓе во Министерството“, изјави Михајловски.

Тој додаде дека ни времето на СДСМ не било идеално, но дека сегашната ситуација е најлоша досега.

„И времето на СДСМ беше лошо, но ова е најлошо“, заклучи Михајловски.

Можете да прочитате

Земјотрес почувствуван во Скопје и околината

УЈП казни речиси 300 угостителски објекти по контроли во трговски и туристички објекти низ државата

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп