Утрински Весник
Спорт

Томпсон се искачи на петтото место во историјата на НБА во постигнати тројки

20241226090545 Big 730x400 79.webp.webp

Кошаркарот на Далас маверикс, Клеј Томпсон, погоди четири од десет обиди синоќа на натпреварот со Минесота (99:105) во НБА-лигата.

Триесет и четиригодишниот Американец се искачи на 5. место во историјата на НБА во погодени тројки. Тој сега има 2.562.


Томпсон ја мина легендата на Индијана пејсерс, Реџи Милер, кој кариерата ја заврши со 2.560 постигнати тројки.

На првите четири места на вечната листа тројкаши се Стеф Кари (3.849), Џејмс Харден (3.022), Реј Ален (2.973) и Демијан Лилард (2.683).

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија