Утрински Весник
Спорт

Томас Тухел ќе биде следниот селектор на Англија?

Томас Тухел ќе биде следниот селектор на Англија?

Германскиот стратег Томас Тухел е заинтересиран да го преземе кормилото на англиската фудбалска репрезентација. Тој пред еден месец доби отказ од Челси, откако помина година и пол во клуб и освои три трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

По поразот од Динамо во Загреб, Челси одлучи да му даде отказ.

Во моментов Англија ја предводи Герет Саутгејт, кој е селектор веќе шест години. Тој неодамна беше силно критикуван откако репрезентацијата испадна во Лигата Б од Лигата на нации.

Договорот на Саутгејт со англиската федерација трае до 2024 година, но се зависи од резултатите на Англија на Светското првенство во Катар.

Англичаните се во група со САД, Иран и со Велс.

Можете да прочитате

АИПС го осуди однесувањето на новинарите по хаотичното африканско финале

Вардар ремизираше на вториот контролен натпревар во Анталија

Лазаров го одреди составот за дуелот со Романците