Утрински Весник
Магазин

Том Хенкс номиниран за три „Златни малини“

Том Хенкс номиниран за три „Златни малини“
Dik 300x250 mk

Иако неговиот најнов филм „Елвис“, во кој го игра менаџерот на пејачот, Том Паркер, е фаворит за најдобар филм на овогодинешните Оскари, Том Хенкс во понеделникот беше малку изненаден кога дозна дека заработил три номинации за наградата „Златна малина“ – награда доделена на најлошите филмски остварувања во годината.

dobivaj vesti na viber

Тој беше номиниран за „Златна малина“ за две улоги: онаа на менаџерот на Присли во биографскиот филм Елвис и за улогата на Џепето во римејкот на Дизни на „Пинокио“. Во соопштението за медиумите на организаторите на наградите „Златна малина“ се наведува дека улогата на Хенкс во филмот „Елвис“ е „најисмејуваната изведба за 2022 година“.

Дизниевиот Пинокио ​​е меѓу петте номинирани за најлош филм за овогодинешните награди „Златна малина“, заедно со контроверзниот биографски филм за Мерлин Монро. Рецензијата на New York Times вели дека Хенкс се појавува во Пинокио ​​со куп латекс на лицето и бизарен акцент.

Номинациите за „Златна малина“ обично се објавуваат ден пред објавувањето на номинациите за Оскар. Хенкс е во потесниот круг за Оскар за најдобар актер за „Човекот наречен Ото“.

Можете да прочитате

Ако бојлерот ви е секогаш вклучен: Грешка што многумина ја прават води до високи сметки за струја

Модниот бренд „Funky Buddha” за прв пат на македонскиот пазар во Diamond Mall

Жестока дискусија: Свети Лука или Ноќ на вештерките: 31 октомври е датумот што ги спојува двата празника – еве што вели црквата