Утрински Весник
Магазин

Toм Брејди и Ирина Шајк поминаа 48 часа во лондонски хотел, романсата се вжештува

Toм Брејди и Ирина Шајк поминаа 48 часа во лондонски хотел, романсата се вжештува

Том Брејди и Ирина Шајк уживаа во романтично 48-часовно рандеву во Лондон минатиот викенд и, беа забележани како го напуштаат истиот хотел одделно.

dobivaj vesti na viber

Веста дека Том и Ирина два дена биле „затворени“ во луксузен хотел  се најде на насловните страници на таблоидите, со коментар дека нивната романса продолжува да се вжештува.

Иконата на НФЛ, Брејди (46) и супермоделот Шајк (37), чија љубовна романса беше откриена минатиот месец откако ја поминаа ноќта во неговата куќа, неделата и понеделникот ги поминаа заедно „заробени“ во хотелот со пет ѕвездички Twenty Two во областа Мејфер во Лондон.

Се одјавиле од посебен страничен влез пет минути еден по друг, дознава „Дејли мејл“.

Брејди беше фотографиран како излегува од хотелот облечен во црн дуксер  со качулка, фармерки, патики и чанта со маскирен принт.  Тој наводно тргнал кон аеродромот за да полета од Обединетото Кралство.

Шајк била забележана како го напушта хотелот пет минути по него. На себе има кошула со пруги, шорцеви, чизми до колена, палто и очила за сонце. Облеката наводно била истата онаа што ја носела претходната вечер.

Претставниците и на Шајк и на Брејди не одговорија на барањето на „Пејџ сикс“ за коментар.

Поранешниот професионален бек е сингл откако разводот од Жизел Бундхен беше финализиран во октомври 2022 година, а Шајк се чини дека не губеше време да се зближи со спортистот, коментира порталот.

„Пејџ сикс“ ексклузивно објави во јуни дека руската убавица се „фрлила“ на Брејди на свадба на заеднички пријател во Италија. „Таа го следеше наоколу цел викенд,“ откри извор за порталот. „Беше очигледно дека му се додворува“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста