Утрински Весник
Спорт

Тодороски доби црвен картон, Македонија и Бугарија на нула по првиот дел

Тодороски доби црвен картон, Македонија и Бугарија на нула по првиот дел

Фудбалските селекции на Македонија и Бугарија играат без голови на арената „Тодор Проески“ по првото полувреме од натпреварот во Лигата на нациите. Македонија е десеткувана, игра со фудбалер помалку речиси од почетокот на мечот кога црвен картон заработи Тодор Тодороски за груб старт над противнички фудбалер.

dobivaj vesti na viber

Тодороски ја напушти играта уште во 14. минута, а потоа селекторот Милевски мораше да ја менува концепцијата, го повлече Александар Трајковски и го уфрли Стефан Ашковски.

Во 25. минута Милан Ристовски упати удар од 20 метри, но бугарскиот голман Даниел Наумов успеа да одбрани.

Можете да прочитате

Македонија поразена од Летонија – 24info.mk

„Златното девојче“ од Македонија ја освојува Европа: Меланија Грозданова во фокусот на Јувентус и европските скаути

Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини