Утрински Весник
Магазин

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

Image 2024 04 18 110041178.png
300x250 (7)

Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно – на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Img 5587

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност.  

Ss1

Можете да прочитате

Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години

Праските ја штитат кожата и помагаат при слабеење

Вратете го сјајот на вашата коса со оризова вода