Утрински Весник
Свет

„Тоа што се случи во Србија не е ништо, ќе биде касапница“: заканувачко писмо пристигна до Универзитетот во Црна Гора

„Тоа што се случи во Србија не е ништо, ќе биде касапница“: заканувачко писмо пристигна до Универзитетот во Црна Гора

На електронската адреса на Универзитетот во Црна Гора денеска околу 15 часот и 30 минути пристигнала заканувачка порака. Според информациите на порталот РТЦГ, откако пристигнала пораката, евакуирани се просториите на Електротехничкиот факултет.

dobivaj vesti na viber

„Тоа што се случи во Србија не е ништо што го подготвив за Електротехничкиот факултет. Ќе видите денеска дека сите ме осудувавте и малтретиравте, особено професорите кои мислеа дека се „некој и нешто“. Ќе има невидена касапница на Универзитетот, само почекајте“, пишува во  е-поштата што пристигна на адресата на UCG.

Од полициската управа соопштија дека случајот е пријавен и дека преземаат мерки и дејствија за утврдување на сите околности.

Србија е во шок. Три дена по ред имаат напади. Прво момче уби 9 лица во училиште во Белград, а вчера ученичка со нож избоде наставничка и ученик. Урош Б. направи масакр, при што 8 луѓе загинаа, а десетина се повредени.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија