Утрински Весник
Балкан

Тирана станува регионален авио-хаб: Над 100 илјади Македонци патувале преку албанскиот аеродром

Img 9165.jpeg

Се повеќе македонски државјани ги користат услугите на Меѓународниот аеродром во Тирана, кој моментално нуди летови кон 129 директни дестинации низ светот. Според последните податоци, над 100 илјади македонски патници годинава пристигнале или отпатувале од овој аеродром, привлекувајќи ги поради широката покриеност и пристапните цени.

Тирана стана главен регионален центар за авионски сообраќај, привлекувајќи не само Македонци, туку и граѓани од Косово и Црна Гора. Во периодот од јануари до ноември оваа година, регистрирани се дури 800 илјади косовски и 200 илјади црногорски патници.


„Овој аеродром е единствениот во регионот со толкава достапност и разновидност на дестинации. На 9 декември го дочекавме нашиот десетмилионити патник за годинава, што до пред шест години беше незамисливо“, изјавуваат аеродромските власти.

Управуван од „Кастрати Груп“, Меѓународниот аеродром во Тирана во соработка со Управата за цивилно воздухопловство постојано го зголемува бројот на дестинации и ги подобрува услугите за патниците.

Во 2024 година, аеродромот ќе воведе уште една голема новина – директен лет Тирана-Њујорк, што дополнително ќе ја зацврсти неговата улога како клучна авио-дестинација на Балканот.

Можете да прочитате

Вучиќ: САД ќе воведат санкции против НИС поради поради руската сопственост

Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања

Маж паднал низ отвор од лифт во Србија