Утрински Весник
Спорт

Тифозите на Милан му изразија поддршка на Паоло Малдини, кој доби отказ од клубот

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Најголемата организирана навивачка група на Милан, „Курва Суд“ му изрази поддршка на клупската легенда Паоло Малдини, кој доби отказ од функцијата директор на „росонерите“. Интересно е што некогашниот одличен дефанзивец се скара со некои од најжестоките навивачи на миланскиот гигант кога стави крај на фудбалската кариера, но се чини дека симпатизерите навистина му простија.

dobivaj vesti na viber

Тие ја почитуваат неговата досегашна работа во раководството на клубот.

„Во врска со настаните од последните неколку дена, би сакале да изразиме искрена благодарност до Паоло за сработеното низ годините. Обновата на нашата релација, која беше прекината на денот на неговото збогување со фудбалот, беше дефинитивно најубавиот настан на нашето заедничко патување во последните неколку сезони, што му овозможи на Милан да го врати успехот во Италија и да биде конкурентен во Европа.

Значителен дел од овие достигнувања дефинитивно мора да се припише на Паоло и неговата неуморна работа, која отсекогаш била обележана со неговата љубов кон нашите бои. Отказот никогаш не може да ја избрише историјата на Паоло Малдини со „росонерите“, бидејќи тој беше одличен капитен на теренот и модел на „миланиста“ за сите нас. Нема да навлегуваме во детали за одлуките што ги носи управата, бидејќи не е наше место да ја оценуваме работата на директорите, тренерите и играчите. Ги кажавме нашите мисли јасно преку транспарент на нашиот последен првенствен натпревар“, се вели во соопштението на најверните тифози на Милан.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина