Утрински Весник
Македонија

ТХП: Потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата за дијаспората да се врати и инвестира во Македонија

Thp Logo 2 Rgb M.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во врска со неодамнешниот повик на премиерот Христијан Мицкоски до дијаспората да се врати и инвестира во Македонија, Партијата за движење на Турците (ТХП) сака да истакне дека за овој гест да биде сфатен како искрен, потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата на Македонија. Основен чекор во таа насока би било овозможување на поедноставена, транспарентна и фер постапка за добивање на македонско државјанство за сите луѓе со потекло од Македонија кои живеат во Турција и кои тоа го посакуваат.

Моменталната реалност, за жал, е сосема спротивна. Процесите се нејасни, нетранспарентни, дури и за оние граѓани кои официјално имаат поднесено барање, а институциите не покажуваат соодветна комуникација или поддршка. Ваквиот пристап и пасивност на институциите создаваат длабока недоверба и незадоволство.

Не смееме да заборавиме дека станува збор за илјадници едуцирани, искусни и квалитетни луѓе со длабока емотивна и културна врска со Македонија, кои претставуваат вистински потенцијал за економски, интелектуален и општествен напредок на нашата држава. Сепак, оваа заедница е систематски маргинализирана и ставена во положба на жртва, одбегнувајќи ги нивните основни права и можен придонес.

Затоа, ТХП бара итно воведување на поедноставен и транспарентен механизам за добивање државјанство, дефинирање на јасни и јавно достапни критериуми и рокови за сите барања.

Празните изјави немаат никакво значење, Владата мора преку конкретни дејствија да ја потврди својата добра волја и својот државнички ангажман кон своите граѓани, без разлика каде живеат.

Можете да прочитате

Тошковски: МВР продолжува во борбата со организиран криминал, пронајдени и одземени околу 35 тони пиротехника

Новиот министер за европски прашања Сали ја презеде функцијата

Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи, предупредува Пановски