Утрински Весник
Спорт

ТФТ експресно им се врати на победите во мак-баскетот

Screenshot 2024 03 14 205523.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кошаркарите на ТФТ им се вратија експресно на победите, откако во минатото коло низата од пет триумфи ја прекина шампионот МЗТ Скопје. ТФТ во меч од македонскиот кошаркарски шампионат вечерва го совлада кавадаречки Еуро Никел (73:56). Натпреварот беше рамноправен во првото полувреме, двете екипи се менуваа во водството, а кавадаречкиот тим на одморот замина со предност од 33:32. Во продолжението ТФТ ја зеде целосно контролата на играта и резултатот во свои раце и дојде до предност од 11 поени разлика, која во последната четвртина се искачи на 17 поени со каква разлика заврши мечот. Зафиров со 13 поени беше најефикасен во составот на ТФТ, а од редовите на Еуро Никел беше најефикасниот играч на мечот Маск кој заврши со 19 поени.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов