Утрински Весник
Македонија

Тетовец му го позајмил „бмв“на познаник, па наместо кај механичар завршило на отпад

Image 2026 03 30 161420770.png

На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото  возило „бмв”, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар.

Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во с.Слатино.


Исто така, според пријавеното, тој го пронашол возилото оштетено во отпадот и сопственикот му кажал дека го купил од механичарот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство