Утрински Весник
Македонија

Тетовчани попладнево треба да имаат вода, рестрикција ќе има од еден до четири часот по полноќ

Voda Od Cesma Polog Sar Planina.jpg

Општина Тетово информира за нова промена во водоснабдувањето, односно дека рестрикциите ќе ги има во ноќниот период од еден до четири часот. Оваа информација следува откако во вчера на пладне известија дека од 13 до 15 часот ќе има рестрикција, а како причина наведоа дека прекинат е дотокот на вода од новиот систем од Лешница поради заматување на изворите, па не се доволни количините кои доаѓаат од стариот систем од планинските извори кои изнесуваат 160 литри во секунда. Поради обилните врнежи од дожд што деновиве го зафати Полошкиот регион водата во Гостивар веќе два дена е загадена и не е за пиење, а слична е и ситуацијата во Тетово.

„Веруваме дека проблемот со водоснабдувањето го нарушува вашето секојдневие. Сепак, екипите се цел ден на терен во обид што побрзо да го решат проблемот, кој напомнуваме, зависи од природните услови и моментални состојби. Рестрикциите продолжуваат од еден до четири часот по полноќ, за да се наполнат акумулациите. Утре водоснабдувањето се очекува да биде нормализирано и да нема прекини во текот на денот. Се извинуваме за денешниот ден и бараме разбирање од граѓаните! За секоја нова промена, граѓаните ќе бидат навремено известени“, се вели во соопштението на Општина Тетово.

Иако за вчера беше најавено дека ќе нема вода од 13 до 15 часот, голем дел граѓани изјавија дека немале вода и по повеќе часови, а некои без вода останале во доцните попладневни и во вечерните часови.

Поради обилните врнежи од дожд што деновиве го зафати Полошкиот регион водата во Гостивар веќе два дена е загадена и не е за пиење, а слична е и ситуацијата во Тетово.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот