Утрински Весник
Македонија

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино

20240806113427 Big 730x400 44.webp.webp

Со тешки повреди се здобило едно лице, откако возило удрило во паркиран автомобил во Неготино, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица – Неготино, пријавено било дека на улицата „Маршал Тито“, патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.П.(49) од Неготино, удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Љ.Т.(55) од Неготино, појаснија од СВР – Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.П., а неговите сопатници А.П.(43) од Охрид и З.А.(48) од Неготино се здобиле со телесни повреди, констатирани во неготинската болница.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица – Неготино.

Можете да прочитате

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство