Утрински Весник
Македонија

Тешко повредено деветгодишно дете на електричен тротинет во судир со возило

Trotinet 1.jpg

На 28.07.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионален пат Скопје-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од с.Арнакија, општина Сарај и електричен тротинет, управуван од деветгодишно дете од с.Арнакија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

Трајановски: Одговорноста за катастрофата во Гостивар е кај власта

Мицкоски: Ќе направиме се за реформите, а на ЕК е да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од ЕУ на база на испорака