Утрински Весник
Македонија

Тешко повредена штипјанка, со возилото удрила во жардиниери, па во паркирано возило

Itna 1.webp.webp

На 10.11.2025 околу 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Партизанска” во Штип, патничко возило „цитроен” со штипски регистарски ознаки, управувано од 64-годишната Е.А. од Штип, удрило во жардиниери, а потоа во патничко возило „фолксваген пасат” со штипски регистарски ознаки, паркирано од А.Ј.(25) од Штип.

Во несреќата Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.


Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

Можете да прочитате

Жена тешко повредена откако автомобил излетал од автопатот Скопје – Штип

Давкова: Состојбата во државата е стабилна и безбедна

Ужас во Делчево: Малолетник обљубил 17годишно девојче