Утрински Весник
Македонија

Тешко повредена 20-годишна девојка по судир меѓу тротинет и товарно возило во Битола

Soobrakajka.jpg

Вчера во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„4 Ноември“, ул.„Влатко Миленковски“ и ул.„Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О.(20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.


Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта