Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден возач по судир со трактор

Srpskapolicija.webp.webp

На 16.12.2025 во 17:45 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Прилеп- Градско, во близина на Росоман, се случила  сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(32) од с.Манастирец, општина Росоман и трактор „имт 539″ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка, управуван од А.Ѓ.(47) од с.Росоман.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.С., а со телесни повреди се здобил А.Ѓ., констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Можете да прочитате

Трет голем пожар избувна во Штип, евакуирани работници од „Албатрос“

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило