Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Гостивар

Моторциклист заврши во болница со тешки повреди, откако се судрија со „ауди“

Вчера, во 10 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата Браќа Ѓиновски во Гостивар се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 28-годишната М. А. од гостиварско Врапчиште, и мотоцикл „хонда“, со гостиварски ознаки, што го управувал 65-годишниот гостиварец С. Ц., извести СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата С. Ц. добил тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош“, велат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можете да прочитате

Намалена видливост поради магла во Крушево

Николоски: Имаме рекордна реализација на капитални инвестиции

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Од понеделник 6 април ни доаѓа вистинска пролет