Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден маж од Велешко, изгубил контрола врз возилото, удрил во бетонска ограда, па во паркиран автомобил

Screenshot 18 Qbmfivy5eoms55u6k1bwub2qasfzokxm6p0piy8wbk.jpg

Вчера во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на патот Свети Николе – село Горобинци, светиниколско, 70-годишниот С.С. од село Иванковци, велешко, управувајќи патничко возило „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска ограда и во паркирано патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од 61-годишниот С.Г. од Свети Николе, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.С, додека со телесни поврди се здобил сопатникот С.С.(52) одс.Иванковци, констатирани во болницата во Велес“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Можете да прочитате

Официјално примопредавање: Тимчо Муцунски му ја остави општина Аеродром на Дејан Митески

Андоновски: Бројките во балансерот од денеска се променети и одговараат на пописните резултати на резидентното население 

Деспотовски: Бранот на промени е тргнат и нема запирање на 30 јуни