Утрински Весник
Македонија

Тешки повреди здобило 22 годишно момче откако излетало со автомобилот на скопската обиколница

Screenshot 2024 02 15 134646.png

Дваесет и двегодишно момче е тешко повредено во сообраќајна незгода откако со своето возило излетало од коловозот на скопската обиколница. На 14.02.2024 околу 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник кај с.Стајковци, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(22) од с.Марино, општина Илинден, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Врнежи од снег на повеќе места во Македонија

Во четири општини денес се гласа за градоначалник

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?