Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка во Македонија, едно лице загина

Soobrakajka .jpg

На 31.08.2026 во 20:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда”. управувано од Д.С.(75) од Кичево и патничко возило „хјундаи” со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од А.С.(75) од с.Преглово, кичевско.

Од здобиените на местото на настанот починал возачот на патничкото возило „хјундаи” А.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мазда”, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „хјундаи”, 15-годишен малолетник од с.Преглово, кичевско и А.А.(21) од с.Пласница, кичевско, констатирани во Медицински центар Кичево и Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври