Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка кај Ресен: автомобил излета од патот, возачот почина

Македонецот кој загина во сообраќајката кај Врање имал 25-години, со пријателите тргнале кон дома, па се враќале назад поради заборавен телефон

Маж почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, кога со возилото излетал од патот.

dobivaj vesti na viber

Несреќата, како што информираа од МВР, се случила утрово околу 4 часот.

„Патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.

Можете да прочитате

Приведен скопјанец, ја врзал сопругата за дрво во шума и ја тепал

Пациент скршил стакло на шалтер и нападнал вработени и полицаец во болницата во Тетово

Демографијата не се спасува со „мамо роди ми братче” – Левица предлага закон за отпис на 20% од станбениот кредит по новороденче