Утрински Весник
Свет

Тешка несреќа во Германија: во судир на автобус и камион повредени над 35 луѓе

Тешка несреќа во Германија: во судир на автобус и камион повредени над 35 луѓе

Најмалку 35 луѓе се повредени во судир на полски автобус и камион на автопат во источна Германија, јавија германските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила на автопатот А 12 во провинцијата Бранденбург, меѓу градовите Сторков и Фреддердорф, пренесе АП.

Полицијата соопшти дека се повредени 35 лица, од кои шест се здобиле со тешки телесни повреди.

На терен се три хеликоптери, брза помош и полициски службеници, а затворен е и дел од автопатот. Полицијата соопшти дека камионот, кој се движел во правец на Берлин, удрил во страната на автобусот кога се обидел да ја смени лентата.

Можете да прочитате

Трамп: Ќе земаме збогатен ураниум од Иран

Луфтханза повлекува неколку авиони поради трошоци и штрајкови

Маѓар: Владата на Орбан уништува документи пред заминувањето од власт