Утрински Весник
Македонија

Тепачка во затворот во Шуто Оризари: Затвореник нападнат од тројца други

Sutka.jpg

Затвореник од Скопје бил нападнат од страна на три лица во КПУ Затвор Скопје, во полуотвореното одделение.

Според информациите од МВР, насилството се случило во вторникот, а било пријавено вчера.

Нападнатиот е 39-годишник со иницијали В.Т.. Тој бил натепан од тројца притвореници во установата – Д.П., К.Б. и Р.Џ..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Платформата 12:05: Оставка на Филипче, вонреден Конгрес и внатрепартиски избори

Обид за деблокада на евроинтеграциите: Муцунски оди во Софија

Не запира големата акција во Прилеп: Претресена 37 локација, во банкарски сеф најдени над 50.000 евра