Утрински Весник
Македонија

Тенор Хозе Карерас и македонските ѕвезди на Плоштад „Македонија“ по повод „35 години независност“

20260527135415 big 730x400 65.webp.webp

На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 септември на Градскиот стадион. 

Бобан Милошески од „Авалон Продукција“, на прес- конференцијата по повод одбележувањето на „35 години независност“, рече дека ова е вечер на спој на македонската музика со светската класика.


– Сакавме да споиме нешто што е светско заедно со нашето македонско. На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје ќе имаме концерт на Хозе Карерас и Македонија олл стар. Ќе има многу изненадувања таа вечер, кои нема да бидат соопштени. Оваа екипа на Македонија ол стар е личен мој избор и јас носам одговорност дали требало да има уште некој друг – изјави Милошески.

Тој посочи дека во Македонија ол стар биле повикани и Владо Јаневски и Симон Трпчески, кои за жал не се во Македонија во тој период и нема да можат да настапат.

Настанот е поддржан од Македонската филхармонија, а аранжман на песните ќе прави Николче Мицевски, кој најави поинакво руво, симфониско начело, кое само да ја збогати.

Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери кажа дека му е чест што токму оркестарот на Филхармонија ќе ја отвори прославата по повод 35 години независност.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС

ЛДП: Скандал „важи-неважи” со дигиталните документи – Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!

МВР во акциска контрола на товарни возила – 25 возила исклучени од сообраќај