Телото на починатиот руски опозиционен лидер Алексеј Навални, кој на 16 февруари почина во затвор е предадено на неговата мајка, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш. – Ви благодариме на сите што го побаравте ова од нас – напиша таа на Х. Таа додаде дека деталите за неговиот погреб допрва ќе доаѓаат. – Ќе дадеме информации штом ќе станат достапни. Људмила Ивановна се уште е во Салехард. Се уште се чекаат информации за погребот. Не знаеме дали властите ќе се вмешаат во спроведувањето на погребот или тоа ќе се одвие како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има новости, напиша Јармуш. Тоа се случува откако на мајката на Навални и беше поставен ултиматум вчера, при што руските власти соопштија дека тој ќе биде погребан во казнената колонија каде што почина, освен ако таа не се согласи во рок од три часа да го положи без јавен погреб. Јулија Навални, вдовица на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор во Русија на 16 февруари, побара од руските власти претходно, денеска да го предадат неговото тело. Таа додаде дека семејството сака да го погреба Навални во согласност со православните обичаи.