Утрински Весник
Свет

Телефонски разговор на Трамп и Ердоган

20250505193827 big 730x400 2 1.webp.webp

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска имал телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Анадолија.

Ердоган истакнал дека Турција ќе продолжи да работи на зајакнување на соработката со САД во повеќе области, особено во одбранбениот сектор, пренесува агенцијата.


Турскиот претседател посочил и дека хуманитарната криза во Појасот Газа достигнала загрижувачки размери, при што изразил подготвеност Турција да испрати хуманитарна помош за погоденото население.

Трамп изјавил дека со Ердоган имале „многу продуктивен и вреден разговор“ за ситуациите во Украина, Сирија и Газа, посочуваат американски медиуми.

Американскиот претседател потврди дека Ердоган ќе го посети Вашингтон, а дека и тој добил покана да ја посети Турција.

„Со нетрпение очекувам да работам со претседателот Ердоган за да ставиме крај на оваа апсурдна, но смртоносна војна меѓу Русија и Украина – ВЕДНАШ!“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Во петок ќе се знае кој ќе биде следниот Папа

Кралот Чарлс и украински војници присуствуваа на парадата за Денот на победата во Лондон

Франција ги заострува критериумите за добивање државјанство