Утрински Весник
Свет

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

20250814152125 big 730x400 72.webp.webp

Четири тела се пронајдени во реката Сена, во близина на Париз, соопштија денеска париските обвинители, објави ДПА .

Властите досега не пронајдоа докази што ги поврзуваат четирите случаи, но забележуваат  дека локацијата во Шоази-ле-Роа, каде што се пронајдени телата, може да се објасни со условите на реката во оваа област.


Обвинителите во париското предградие Кретеј наведуваат дека причините за смртта и идентитетот на жртвите остануваат непознати, пренесува ДПА.

Весникот „Ле Паризиен“ објави дека сите четири жртви се мажи. Тројца биле пронајдени со целосната облека, додека четвртото тело било без панталони и долна облека.

Во извештајот се вели дека телата веројатно биле во вода неколку дена.

Пронаоѓањето на телата било поттикнато од патник во воз кој забележал еден од труповите во Сена и за тоа ги известил властите. Службите за итни случаи ги пронашле телата вчера.

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници

Песков: Не е планирана заедничка декларација по средбата Путин-Трамп

Европските новинари сè повеќе користат алатки за генеративна вештачка интелигенција