Гувернерот на Тексас Грег Абот одобри распоредување тенкови на Националната гарда на Тексас на јужната граница.
Тој, исто така, изјави дека е подготвен за конфликт со федералните власти за правен спор во врска со демонтирање на бариерите долж државниот дел на границата на САД со Мексико.
– Во неверојатен случај тоа да се случи, подготвени сме да го направиме она што го правевме последниот месец, а тоа е градење бариери – рече Абот во интервју за познатиот ТВ новинар Такер Карлсон, на прашањето за можноста за федералната влада ја презема Националната гарда Тексас.
Во понеделникот, американскиот Врховен суд издаде привремена наредба со која им дозволува на агентите на Федералната гранична патрола да ги отстранат физичките гранични бариери поставени од Тексас.
Сепак, Абот тврди дека Тексас има уставно овластување да ги заштити своите граници, поради неуспехот на федералната влада да се справи со протокот на илегални имигранти во Соединетите држави.
Инаку, претходно денеска, Синдикатот на граничната патрола објави дека нејзините федерални агенти нема да апсат членови на Националната гарда на Тексас поради почитување на нивните законски наредби. Агентите на граничната патрола ги ценат и почитуваат постапките на Тексас, се вели во соопштението.
Во меѓувреме се повидлив е гневот на граѓаните поради одлуката на Врховниот суд.
Во знак на поддршка на властите во Тексас, беше организиран голем патриотски собир.
Тамошните фармери се кренаа против одлуките на администрацијата на Бајден, барајќи заштита на јужната граница.