Утрински Весник
Македонија

ТАВ: Од 9 часот нема откажани летови на скопскиот аеродром

ТАВ: Од 9 часот нема откажани летови на скопскиот аеродром

Од 9 часот утрото наваму нема откажани летови на Меѓународниот Аеродром Скопје, соопшти ТАВ Македонија.

dobivaj vesti na viber

Оттаму додаваат дека од 20 часот на втори јануари до 9 часот наутро денеска на трети јануари 2023 година, авиокомпаниите откажале 10 лета, а пренасочиле 3 лета, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина.

Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.

„ За сите натамошни информации во врска стекнување на патничките права, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога ги купиле авионските карти. Доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права, ги упатуваме да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство, на чија веб-страница се пропишани правилата и условите за нивно остварување: https://www.caa.gov.mk/

Во моментов не очекуваме нарушувања, но видливоста е променлива и зависи од временските неприлики во кои се наоѓа скопската котлина веќе неколку дена. Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: www.skp.airports.com.mk , во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања). Таму, евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи” велат од компанијата.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?