Утрински Весник
Македонија

ТАВ Македонија донираше најсовремена медицинска опрема на клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле

20251120095728 big 730x400 3.webp.webp

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП ја предаде својата донација – најсовремена медицинска опрема на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, на Светскиот ден на детето, 20 ноември.

Целта на оваа донација е да се поддржи персоналот на оваа државна медицинска установа во обезбедувањето на модерна дијагностика за младите пациенти, бидејќи секое дете заслужува најдобар можен третман.

Според генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, оваа донација е дел од долгорочната посветеност на компанијата да биде партнер на општеството и двигател на позитивни промени.

Денеска не донираме само опрема, туку и поддршка и грижа за најмладите. За ТАВ Македонија, детското здравје е приоритет кој не познава компромис. Веруваме дека секое дете заслужува најдобри услови за лекување, а секое семејство заслужува да знае дека нивните најмили се во сигурни раце. Горд сум што како компанија успеваме да придонесеме за создавање подобра средина за малите пациенти во оваа здравствена установа. ТАВ Македонија ќе продолжи да инвестира таму каде што е навистина важно, во луѓето, во заедницата и во иднината на нашите деца, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Донацијата од ТАВ Македонија за детската клиника – Козле се состои од ЕКГ апарат, два модерни монитори за пациенти на интензивна нега, три баскети за отстранување на туѓи тела од дишните патишта и лента за трчање за изведување на бронхопровокативни тестови со физички напор.

Оваа донација претставува значаен придонес во унапредувањето на квалитетот на здравствените услуги кои нашата установа им ги обезбедува на пациентите. Со новата опрема се овозможува попрецизна дијагностика, побрза интервенција и подобри услови за работа на медицинскиот персонал. Вашата поддршка е доказ за општествена одговорност, хуманост и вистинска грижа за здравјето на педијатриските пациенти, посочи Проф. Д-р Катерина Бошковска, В.Д директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле.

Со оваа донација, ТАВ Македонија уште еднаш го потврдува својот статус како компанија која навистина ја живее својата општествена одговорност и која што се грижи за заедницата со срце. 

Можете да прочитате

Претрес во битолско, пронајдено оружје и муниција, приведено едно лице

Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите

Мицкоски: Владата е одговорна за трошењето на народните пари, затоа не гледам причина за зголемување на платите на судиите и обвинителите