Утрински Весник
Свет

“Тато, дојди, тука има мртов човек“ – Се зголемува бројот на загинати во поплавите во Романија

Screenshot 2024 09 16 132418.jpg

Поплавите во романската област Галац придонесоа бројката на загинати да достигне до шест лица.
Вчера, било пронајдено тело на маж како лежи покрај патот во селото Слобозија Конаки. Водата го однела речиси шест километри. Исто така, синоќа е потврдена смртта на исчезнатиот во градот Сухурлуи. Водата се повлекла, но зад себе оставила половина метар кал, дури и внатре во куќите.

„Што е ова? Катастрофа! Видете добри луѓе! Уништени сме“, вели еден од жителите, а друг додава:

„Да сте ги слушнале животните како рикаат, не можам да ви опишам. Тоа беше крајот на светот“.

„Немаме каде да одиме, немаме каде да спиеме“, велат другите жители.

Два дена по поплавата, се открива обемот на катастрофата. Телото на исчезнатиот маж во Печеја било пронајдено дури вчера. Водата го однела шест километри.

Син ми го виде таму во грмушката. И ми вика: Тато, дојди, тука има мртовец. И кога дојдов, го најдов. Водата го носеше, имаше 40-50 години“, раскажува очевидец.

Многу луѓе од страв не сакаа да се симнат од покривите на своите куќи. Водата во некои области достигна речиси два метра. Дури и спасувачите беа во опасност, според написите.

Екипа на пожарникари во возило синоќа била зафатена од порој. Тие успеале да излезат низ прозорците и да го напуштат возилото.

оставила половина метар кал, дури и внатре во куќите.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков