Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Таткото на Вања за Палевски: Нека стане, нека се поклони и во саат и 20 минути нека ја каже вистината, зошто ми е убиена Вањичка?

Aleksandar gjorcevski 960x559 1.jpg
Img 7972

На денешното рочиште за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, пред судот се обрати и таткото на Вања, обвинетиот за помагање при нејзиното грабнување, Александар Ѓорчевски. Тој истакна дека и по месеците судење, чувствува дека вистината сè уште не е откриена до крај.

„Од почетокот на самото судење имаше воведни зборови и убаво се сеќавам дека станав и изразив очекуѕвање дека се ќе дознаам. Во текот на судскиот процес цело време во просторијава, меѓутоа внимателно го слушам секој збор. Сега како се сведе, се приближи кон крај процесот, имам чувство на непотполност во поглед на вистината која што очекував да ја дознаам. Еден од обвинетите го посочи Палевкси како човек кој ги имал одговорите на сите прашања. Токму поради тоа и само од тие причини му се обраќам на Палевски после мене уште тој останува со завршен збор, нека стане, нека се поклони и во саат и 20 минути нека ја каже вистината. Зошто ми е убиена Вањичка? Благодарам“, рече Ѓорчевски.


Со завршните зборови продолжува Љупчо Палевски, кој треба да се изјасни по сите наводи.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја