Утрински Весник
Балкан

Таткото на убиецот на Данка порачал дека никогаш нема да кажае каде е закопано телото

Tatkoto Na Ubiecot Na Danka.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Србија трае потрагата по телото на убиеното двегодишно девојче Данка Илиќ од Бор, а таткото на убиецот порачал дека никогаш нема да ја открие локацијата.  Тврди дека се заколнал дека нема да каже каде е закопано девојчето.  „Никогаш нема да кажам каде е телото на Данка“, рекол човекот.  Тој е во притвор, а од целото семејство само мајката е на слобода, но и таа била повикана на информативен разговор.Полицијата ја проверува комуникацијата на осомничените со други корисници на мобилни уреди кои кобниот ден, како и во периодот потоа биле најблиску до местото на убиството и депонијата. Девојчето исчезна на 26 март. Откако мајката пријавила дека детето исчезнало, двајца вработени во „Водовод“ Бор го удриле девојчето со службеното возило, потоа едниот ја задавил и ја фрлиле на депонија. Но, тие признаа дека телото го преместиле на друга локација. 

Можете да прочитате

Зголемени приходите на Грција за 8,9 отсто од туризмот

Албанија води по број граѓани кои живеат во странство

Постапката против Весиќ и соработниците прекината за падот на настрешницата