Утрински Весник
Спорт

Таткото на Пике ја исели Шакира, таа си замина во Мајами

Таткото на Пике ја исели Шакира, таа си замина во Мајами

Колумбиската поп-дива, Шакира, конечно, ја напушти Барселона и се пресели во Мајами, откако таткото на нејзиниот поранешен партнер Жерард Пике ја „исели“ од семејната куќа.

dobivaj vesti na viber

Шакира, ако што најавуваше подолго време се сели во САД, а последните месеци биле тешки за неа, не само поради грдата разделба со Пике поради неверство на ексфудбалерот на Барселона, туку поради тоа што нејзиниот татко Вилијам Мебарак бил подолго време во болница во Барселона.

По целата мешаница, Шакира прати порака преку социјалните мрежи.

„Останав во Барселона за да дадам стабилност на моите деца, истата стабилност која сега ќе ја побарам на друг дел од светот покрај пријатели, семејство и морето. Денеска почнува ново поглавје во потрагата за нивната среќа. Благодарам на сите кои ги преживеаја брановите со мене во Барселона, каде што научив дека пријателствата се подолги од љубовта. Благодарам на сите кои ме охрабруваа таму, ме инспирираа и беа со мене во солзи. Ќе се видиме повторно“, вели Шакира.

Според договорот за разделба со Пике, со кого не беа во брак, децата ќе живеат во Мајами со својата мајка, додека Пике ќе има еден месец на лето со нив.

Можете да прочитате

Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига

Три години затвор за братот на Пол Погба за обид за изнуда

Девет лица имале срцев удар или се онесвестиле по тешката повреда на Лесор