Утрински Весник
Македонија

Таткото на 7-месечното бебе што почина е разочаран од Таравари и ќе ја тужи Детска клиника: Ме боли што не го хоспитализираа Дамјан во понеделникот

Detska Klinika.jpg

Таткото на 7-месечното бебе што почина откако не беше хоспитализирано на Детската Клиника во Скопје, Влатко Трпкоски за „Слободен печат“ вели дека е разочаран од министерот за здравство Арбен Таравари поради неговата денешна изјава дека „за среќа стручна комисија констатирала дека кај лекарите нема никаква лекарска грешка“ за смртта на бебето Дамјан.

– Јас детето го изгубив. Како може да кажува „за среќа“. Зошто не беше примено детето во понеделникот кога го однесов во болница со осип и блага температура и кога имаше шанса да се спаси, туку дури во средата? Зошто во понеделникот кога го однесов син ми не испитаа што му е, туку не испратија дома? Зошто не викнаа дерматолог, инфектолог? За пет дена ми го снема детето а министерот кажува „за среќа”


Детето го нема, а кога имаше шанса да се спаси со терапија, не не примија во болница. Тоа ме боли. Планирам да ги тужам од Детска Клиника кога ќе го добијам наодот од обдукцијата кој уште не е готов. Не ме интересира дали постапката што ќе ја покренам ќе трае долго или кратко, јас морам да дојдам до одговорот зошто немаше специјалист од дерматологија и од Инфективна клиника во понеделникот кога го донесов син ми во болница, туку беше пуштен дома и ми кажуваат дека ќе му помине, изјави Тркоски за „Слободен печат“.

Целиот текст можете да го прочитате со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Рудар тешко повреден додека извшувал работни задачи

Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен 

ВРЕДИ: ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција