Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Нарачаните магистерски и докторски трудови мора да запрат, МОН воведува мониторинг во високото образование

Vesna Janevska Scaled 1.jpg

Појавата на нарачана изработка на магистерски и докторски трудови мора да запре.

Ова го изјави министерката за образование, Весна Јаневска и нагласи дека Министерството веќе работи на воведување стандарди и мониторинг во високото образование со тоа што веќе во неколку државни универзитети се одземени неправилно стекнати звања и дека одредени лица се отпуштени од работа.


– Таа појава мора да запре. Како министерство веќе сериозно работиме на тоа да воведеме стандарди, но и мониторинг на случувањата во високото образование. Веќе е јавна тајна во Македонија дека се случуваат вакви неправилности, вели Јаневска.

Она што го правиме секојдневно според можностите кои ни ги дава законот и според човечките капацитети кои ни се на располагање, е да сме присутни во сите високообразовни институции и научни институции.

Во неколку државни универзитети веќе се одземени неправилно стекнати звања. Одредени луѓе се отпуштени од работа. Сериозно разговараме со Универзитетите, кои имаат своја автономија која максимално ја почитуваме и ќе ја почитуваме, да направат серозни промени и во студиските програми, но и во начинот на кој ги избираат кадрите кои треба понатаму да ги образуваат младите, рече министерката.

Можете да прочитате

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули, приведени две лица, запленети 702 парчиња риба

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка

Препораки за заштита на доенчињата и децата од топлото време